strumica denes logo

Ковачевски за луксузната храна: Чипсот не е здрав, секој лекар ќе ви каже

Автор:

Датум:

октомври 12, 2023

Автор:

Датум:

октомври 12, 2023

Премиерот Димитар Ковачевски, ја оцени како фер и добро решение листата на производи со покачено ДДВ од 10 отсто, коментирајќи дека тоа е повластена стапка со оглед на тоа што основната изнесува 18 проценти.

-Листата на производи кои добија повластена ДДВ стапка од 10% наместо 5%, се производи кои Владата ги смета за луксузни и за неосновни во најголемиот дел на домаќинствата, а дел од нив не се ниту здрави- изјави премиерот Димитар Ковачевски.

„На листата на производи со повластена стапка, Северна Македонија има најголема стапка на производи со 5 проценти – 1.600 производи. Сите тие се осносвни производи кои се користат во најголеми количини. Има одреден број производи кои исто се на овластена стапка од 10 проценти, бидејќи да не заборавиме основна стапка на ДДВ е 18 проценти. Листата на производи кои се сметаат за луксузни е листа на производи кои се сметаат за неосновни, во најголем дел во домаќинствата. Дел од нив кои не се толку здрави за населението како што е чипсот и други за кои секој ќе ви каже дека не е добро да се дел од основата исхрана, исто така се наоѓаат на повластена стапка од 10 проценти. Сметаме дека тоа е фер листа“, рече Ковачевски.