Ковачевски: Ние сме најдобрата држава во регионот

октомври 26, 2023

Премиерот Димитар Ковачевски е уверен дека ЕУ сака да ја види Македонија како дел од европското семејство, со оглед на тоа што, како што вели, ние сме најдобрата држава во регионот.

Прашан за најавената посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и дали доаѓа за да ја убедува опозицијата да гласа за уставните измени, премиерот рече дека на средбите ќе стане збор за скрининг процесот, инвестициите, но и за продолжување на евроинтеграцискиот пат.

„Ние сме држава која во моментот е најдобра во регионот, и секако дека и Европската Унија што веќе го отпочна процесот за свое реформирање и ќе прима нови членки сака да ја види земјата како дел од ЕУ оти оној што е најдобар треба и прв да влезе“, рече Ковaчевски.

Како што додаде, тој не би користел зборови како „убедување“ кога станува збор за посетата на Фон дер Лајен бидејќи такви споредби милува опозоцијата. Наспроти тоа, Ковачевски рече дека во земјата пристигнува голем пријател.

Премиерот смета дека единствената идеја која секогаш ќе биде водилка на нашата држава е идејата за европска Македонија.

Во изминатите 11 години имавме едно алтернативно политичко владеење, кое се основаше на историско, културен, финансиски инжинеринг и завши така како што заврши, додаде премиерот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ