КОСТАДИН КОСТАДИНОВ: Ќе има сериозен одговор на обидите за ненормализација на се’ што е нормално во Струмица – Цврсто застанувам позади директорката на Струмичката гимназија!

март 19, 2024

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Струмица е космополитски град, отворен за сите, спремен да биде домаќин и секој кој дошол понел убави спомени кои ги чува и негува низ животот.

Ние струмичани не сакаме да создаваме непријателства, напротив сме граделе, градиме и ќе градиме мостови на разбирање, емпатија, соживот, толеранција.
Во исто време ако некој избрал и настојува да биде наш непријател, спремни сме да се одбраниме.

Почитувани мои сограѓани таква е ситуацијата со одредени НВО многу добро познати вам, кои упорно и упорно се обидуваат пипците да ги вбризгат во струмичкото ткиво на нормалноста.

Таа работа така не ја бидува, ќе има сериозен одговор на обидите за ненормализација на се што е нормално во Струмица!

Цврсто застанувам позади директорката на струмичката гимназија и позади сите директори во основно и средно образование кои се застанати на браникот на оваа наша битка.

Повикувам на поддршка масовна од населението оти ние струмичаните најдобро знаеме што е потребно за нашето образование, трасирајки им го на нашите деца сигурниот пат кон иднината!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ