КОСТАДИН КОСТАДИНОВ ЈА ОТСТАПИ СВОЈАТА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ФОТЕЉА НА ЕДЕН ДЕН НА 18 ГОДИШНАТА АНА МАРИЈА ЈОВАНОВА ОД СТРУМИЦА!

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Никогаш не сум кажал дека се знам и дека моите идеи се најдобри.

Но, сум кажал дека мојот кабинет секогаш ќе биде отворен за сите граѓани, за нивните предлози и сугестии за подобра Струмица.

Првото доброутро и добредојде во мојот кабинет и го посакав на Ана Марија Јованова, 18-годишна млада девојка која штотуку го заврши средното образование во СОУ „Димитар Влахов“.

Ана Марија денеска ќе биде Градоначалник на еден ден на општина Струмица, проект кој што го реализираме заедно со Европската куќа чија цел е младите да бидат активно вклучени во локалните политики, што впрочем е и моја цел.

Со Ана Марија денеска заедно ќе ги реализираме сите мои планирани активности во кабинетот и надвор од него, но ќе ги слушам и сите нејзини предлози и забелешки.

Вака ќе биде секој прв понеделник во месецот, „градоначалниците“ од редовите на младите ќе се менуваат, но целта секогаш останува иста – создаваме подобра Струмица за сите.
Со младите од срце за европска Струмица.❤️

Автор:

Датум:

јуни 6, 2022

Категории:

Струмица