КОСТА КОСТАДИНОВ: ВО „КАСАРНАТА“ ПРЕДВИДЕНА Е ИЗГРАДБА НА УЧИЛИШТЕ, ГРАДИНКА, АМБУЛАНТА, СТАРЕЧКИ ДОМ, ТРГОВСКИ ЕДИНЦИ И ВЕРСКИ ОБЈЕКТ!

октомври 12, 2021

Коста Костадинов, кандидат за градоначалник на Струмица од редовите на СДСМ:

Радува фактот дека расте бројот на жители во градот. Со таквата тенденција се нагласува потребата од изградба на нови капацитети и инфраструктурни решенија кои ќе ги задоволат потребите на жителите, како од урбана гледна точка, така и во смисла на одржлив развој и современо живеење.

Последователно на станбените згради, во опфатот “Касарна“ планирано е обликување на просторот со потребна конфигурација на објекти од јавен карактер од областа на здравството, образованието, спортот, како и јавни површини и трговски објекти. Конкретно, предвидена е изградба на училиште, градинка, амбуланта, старечки дом, трговски единици и верски објект.

Секако, се третирана е и потребната инфраструктура за изведба на сервисни улици и соодветни паркинг решенија, а како еко‐баланс на целиот комплекс, предвиден е парк со површина од 12.700 метри квадратни.

Од срце, за Струмица!❤️

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ