КОСТА КОСТАДИНОВ: УТРЕ ОБЕЗБЕДУВАМЕ САНИТЕСКО КОМБЕ ЗА СТРУМИЧКАТА БОЛНИЦА, ВО ДЕКЕМВРИ ЌЕ ПРИСТИГНЕ ДОПОЛНИТЕЛНО ВОЗИЛО!

ноември 1, 2020

Коста Костадинов, кандидат за пратеник од редовите на СДСМ:

Со силна посветеност, со многу разговори, разбирање за состојбата во која се наоѓаме и интензивната борба со коронавирусот, заедно со директорот на болницата во Струмица, Наке Гогов, со Дирекцијата за управување со кризи, утре обезбедуваме санитетско комбе за струмичката болница.

Ова е дополнително возило од веќе обезбеденото кое го очекуваме до декември.

Разочаран сум што опозицијата наместо да помага, прави се за да буквално одмогне во оваа криза.
Секако за тоа најдобро ќе судат граѓаните.

Проблемите ги решаваме многу брзо, се грижиме и преземаме одговорност.

Само со посветена и неуморна работа, можеме и мораме да ги решаваме проблемите кои се натрупани со години наназад.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ