strumica denes logo

КОСТА КОСТАДИНОВ ОД ТУРЦИЈА: Огромна чест е да се слушне како луѓето зборуваат на македонски јазик во Измир!

Автор:

Датум:

мај 14, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

мај 14, 2022

Категории:

Струмица

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

За прв пат некој да ги посети и да поразговара со македонските здруженија во Измир.

Тоа денеска го направивме заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и владината делегација, пратеничката Белкиса Зекири и моите колеги Медат Куртовски и Горан Стојановски.

Разговаравме со наши сограѓани кои потекнуваат или се родени во Македонија.

Честа е огромна да се слушне како луѓето зборуваат на македонски јазик.

Отвараме ново поглавје во односите со Турција, почнувајки прво да си ги почитуваме нашите луѓе.