strumica denes logo

Конкурс за литературна творба и илустрација по повод Денот на македонската полиција – Струмица ги повикува младите да ги покажат храброста и срцето на хероите!

Автор:

Датум:

април 22, 2025

Автор:

Датум:

април 22, 2025

По повод Денот на македонската полиција, 7 Мај, ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица, во соработка со Секторот за внатрешни работи – Струмица, распишува Конкурс за литературна творба или илустрација на тема: „Хероите носат униформа – но и срце“. Овој конкурс има за цел да ги поттикне младите учесници да се изразат креативно и уметнички, преку пишан збор или цртеж, за тоа што значи храброста, како изгледа еден херој и како полицијата ја чува нашата секојдневна сигурност.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Конкурсот е отворен за ученици од основно образование и е разделен во две категории:

Литературна творба (поезија, расказ или есеј)

Илустрација/цртеж

Право на учество имаат сите ученици од основното образование, а творбите треба да се достават најдоцна до 2 мај 2025 година, во Библиотеката или на електронската пошта: bibliotekastrumica@yahoo.com.

Сите творби ќе бидат наградени и презентирани на настанот по повод 7 Мај – Денот на полицијата, кој ќе се одржи на 2 мај 2025 година во просториите на ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица во 12 часот.

Позивот е отворен за сите ученици да покажат својата креативност и почитување на хероите кои го носат униформата и ги штитат нашите животи.