strumica denes logo

КОНЕЧНО: КАФУЛИЊАТА, ДУЌАНИТЕ И ТЕЗГИТЕ КОИ ГО УЗУРПИРААТ ЈАВНИОТ ПРОСТОР, ОПШТИНА СТРУМИЦА ГИ ОПОМЕНИ ДЕКА ЌЕ СЛЕДУВААТ КАЗНИ!

Автор:

Датум:

јули 2, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јули 2, 2019

Категории:

Струмица

Општина Струмица чија цел е заштита на јавниот интерес, упатува јавен повик до сите правни и физички лица кои за вршење на своите деловни активности користат јавни површини пред своите деловни објекти, дека истите имаат обврска согласно Законот за јавна чистота и согласно Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Струмица, да набават одобренија за користење на јавните површини и да ги почитуваат параметрите дадени во уверенијата.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Овластениот комунален инспектор Љупчо Ташевски, вчера, апелираше до угостителите и трговците да ги почитуваат законските одредби и Програмата за поставување на урбана опрема на општина Струмица во користењето на јавните површини, во спротивно ќе следуваат прекршочни мерки.