КОЛУМНА НА ПРОФЕСОРОТ ОЛИВЕР ЦАЦКОВ: ИСТОРИСКИ ДНК!

ноември 8, 2021

Колумна за Струмица Денес на професорот од УГД Оливер Цацков:

Колективната меморија претставува заеднички интерактивен процес каде луѓето се идентификуваат себе си со настани, институции и вредности. Во идентификациони објекти влегуваат минатите искуства кои формираат историски колективен идентитет на една заедница. Народот на една држава, град, заедница, етничка група сигурно делат некозаеднички сеќавања истите ги чуваатшират во рамките на самата заедница. Оваа дефиниција навидум изгледа сувопарно или дефиниција како да е наменета само за учебниците или за студентите по историја.Но,всушност во нејзината внатрешност се крие нешто многу подлабоко.Внатре е историската ДНК на еден народ.Еве и зошто?

Штип,06.04.1941.
Штипјани оваа неделно утро иако веќе свикнати на неизвесност и тешки моменти го започнале со секојдневната рутина.Едни упатени кон бавчите други кон лозјата.А, други се раздвижиле кон соседите. Трајанка Анева,мојата прабаба била меѓу нив.Тргнала да ја посети штотуку родената внука.Стасала само до влезната порта.Бомбата од германската „Штука“ и го прекинал патот,засекогаш.Таа била една од стотината жртви кој тој ден останале под рушевините на големиот број оштетени куќи. Повеќемина граѓани од шрапнелите останале или се здобиле со тешки повреди. Откако завршил првиот налет,вториот го потврдил разорнувањето.Но,откако спечифичниот звук на авионот „Штука“ се оддалечил кон исток,зад нив останла смртта,болката,пожарите односно една ужасна слика предизвикана од човечко безумие. Пожарите и чадот стивнале,мртвите биле закопани,а,штипјани биле исправени пред нова неизвесност. Изборот на тоа што понатаму бил навидум „едноставен„.Да се преземат работите во свои раце.Од рушевините на оваа бомбардирање да создадат нов,но овој пат и дефинитивно- слободарски град. На 8 ноември 1944 година,Штип успеаа во тоа.

Оваа секвенца од историјата на македонскиот народ е длабоко вграден историски ДНК материјал, кој има единствена задача да се пренесува и да трае се додека постои и овој народ. Овие секвенци од колективната меморија ги има во секое семејство во секој град и село.Овој историски материјал е исклучително стабилен,речиси невозможен да биде уништен.Добро, низ човечката историја ќе се појавеа ликови кои користејќи ги како „алатка„ геноцидот,масакарот па дури и атомската бомба, се обидоа да интервенират во уништувањето на колективната меморија.И,успеаја.Само да се запишат со црни букви во европската и светска историја. Веројатно Пјер Кластерс,француски антрополог во своето капитално дело „Друштвото против државата“,освен за геоцидот зборува и за терминот -етноцид. Додавајќи дека геноцидот тежи кон физичко уништување,етноцидот се стреми кон уништување на културата на еден народ.Генерално,геноцидот убива тела,а етноцидот го убива нивниот дух. Заклучувајќи дека и во едниот и другиот случај станува збор за смрт.Од една страна со физичко уништување од друга страна со културно насилство,со одложено дејство кео зависи од издржливоста на отпорот на народот. Не случајно секоја година на 6-ти и 9-ти август во Хирошима и Нагасаки може да се слушне траорниот звук на гонгот кој одѕвонува за жртвите и потсетување на оние што тоа и го предизвикаа. Слично е и со одбележувањето на Холохаустот.Затоа универзалната порака од овие одбележувања е многу јасна човек на човек никогаш да на биде волк.И,како таква да биде врежана во човечкиот ДНК.

Цврстиот и недопрен идентитен на македонскиот народ вткаен во историскиот ДНК ни гарантира и сигурна иднина.Овој народ не само што ја разбира туку и ја промовира.

Штип,8.11.2021.
Денес стоejќи во штипското маало Тузлија , осумдесет години подоцна, имам во себе измешани чувства. Едното е ,дали прекинатиот живот на мојата прабаба и останатите штипјани да ги вбројам како -колатерална штета. Да бидат само број и статистика на еден историски момент. И ништо повеќе од тоа.Но, едноставно неможам да го прифатам тоа. Се повикав на историската ДНК која многу прецизно е забележано дека на 6-ти април Штип е бомбардиран од германски нацистички авиони Ју-88од VIII-воздухпловен корпус , кои веројатно полетале од аеродромот Belica Nord, во Бугарија, која е само 170 км воздушна линија оддалечена од Штип.Нешто кое не само што е запишано во колективната меморија,туку и во историските факти. Но, на овој ден не сакам да размислувам ниту за политика ниту за идеологија.Бидејќи потекнувам од народ кој има силно изградена демократска свест. Затоа им простувам.И,на оној германскиот пилот што прекина стотина животи кои можеа да имат сосема поинаква судбина и животен тек ,но и на оние што логистички го поддржале тој лет.

Но, сепак постои нешто што навистина ме прави да се чувствувам и горд и со исполнето чувство.Штипјани никогаш и кон никого не вперија прст со зборовите „Ти си Нацист„ или “Ти си фашист“.Никогаш. Напротив,штипјани сите добронамерни посетителиодсекогаш ги пречекувале и ги пречекуват со отворен ум и уште по отворено срце.Особено оние што доаѓаат од Германија и од Бугарија.

Осумдесет години подоцна Штип е свртен кон иднината.Минатото не можеме да го промените,сегашноста ја живееме, а во иднината можеме да функционираме само доколку се исфрли баластот на минатото.

Големината на еден град не се мери само во квадратните километри површина,туку во неговиот космополитизам и начинот на кој простува но не заборава.Начинот и силата со кој штипјани успеаја од безнадежноста и очајот да создадат град кој постојано се гради и развива покажува и за дигнитетот со кој штипјани знаат и да простат.

Тузлија и Штип сеуште чекаат, макар и со половина уста изустено-ИЗВИНУВАЊЕ !!!.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: