ЌЕ СЕ ИСКЛУЧУВААТ СИТЕ ОД ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА ДИВИ ПРИКЛУЧОЦИ ВО БАНСКО, ИЗВЕСТУВААТ ОД „КОМУНАЛЕЦ“

мај 20, 2022

ЈПКД „КОМУНАЛЕЦ“ – СТРУМИЦА:

ЈПКД Комуналец ги информира граганите од населеното место с.Банско дека во текот на денешниот ден и во деновите кои следуваат ке спроведе акција за исклучување од водоводната мрежа на диви приклучоци како и на кукни приклучоци кои се злоупотребуват заради полевање на земјоделски површини.

Оваа состојба на злоупотреба на водоводниот систем, и тоа одреден број лица од с.Банско придонесува за огромна потрошувачка на вода и загрозување на редовното водоснабдување на населеното место с.Банско, а со тоа е загрозено јавното водоснабдување на граганите од с.Банско.

Заради целосна заштита на водоснабдителниот систем во и заради обезбедување на потребните количини на вода за редовно водоснабдување на граганите од с.Банско,

ЈПКД Комуналец ке превземе и соодветни законски и казнени мерки према сите злоупотреби на јавниот водоснабдителен систем.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ