Фејсбук објава на Кире Михаилов:
Почитувани, со одлука на Премиерот Христијан Мицкоски и владата на МАКЕДОНИЈА, од денеска сум назначен за Заменик Генерален Директор на претпријатието “Македонски Шуми”❗️
После добиената судска пресуда и моето враќање на работа, за неколку дена, ова е втората прекрасна вест за мене❗️
Му благодарам на Премиерот Христијан Мицкоски и владата на МАКЕДОНИЈА за укажаната доверба и можам само да ветам дека нема да ја изневерам нивната доверба❗️
Уште повеќе, на сите граѓани ширум МАКЕДОНИЈА со кои изминативе години, заеднички ја водевме битката против досега најголемите криминалци и предавници, можам да им ветам дека се она за кое се залагавме и го ветивме, ќе го реализираме❗️
Од денеска натаму, мојата врата е ширум отворена за сите оние кои сакаат на било каков начин да помогнат во вадење на претпријатието од живата кал во која е втурнато❗️
Исто така, сакам да знаат и сите оние кои во иднина планираат да работат на штета на претпријатието на било кој начин, ќе ме имаат мене лично за свој непријател❗️
Да сте ми живи и здрави❗️
Да ни е вечна МАКЕДОНИЈА❗️
#Почнуваме
#ЗаТебе