Кинезите претставија батерија која за 15 минути се полни за возење до 500 километри!

декември 19, 2023

Брендот за електрични возила „Zeekr“ на кинескиот произведувач „Geely“ претстави литуим-железо-фосфатна батерија (LFP) која се полни брзо, а призводителите тврдат дека батеријата за 15 минути се полни за возење до 500 километри.

Во фабриката за батерија во сопственост на матичната група на „Zeekr“, „Geely Holding“ во провинцијата Жејианг, претставници на компанијата соопштија дека нивната лимузина „007“ ќе биде првиот модел што ќе биде опремен со батерии кои за 15 минути може да се наполнат доволно за возење до 500 километри, со електричен состав од 800 волти напон.

„Zeekr“ користел никел-манган-кобалт (NMC) батерии на најголемиот светски произведувач на батерии, кинескиот „CATL“, за напојување на своите модели „crossover 001“ и повеќенаменските возила „009“.

„CATL“ исто така лансирал батерии за брзо полнење со кои ќе се користи компанијата „Li Auto“ во првиот чисто електричен повеќенаменски модел на автомобил „MEGA“, овозможувајќи му досег на возење од 500 километри, со време на полнење од само 12 минути.

Кинескиот конкурент на „Zeekr“, „Nio“, кој исто така развива сопствена технологија за батерии, планира сам да произведува батерии за да ги намали трошоците, објави „Ројтерс“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ