strumica denes logo

Кина ќе почне да гради база на Месечината во 2028 година

Автор:

Датум:

април 14, 2023

Категории:

Свет, Струмица

Автор:

Датум:

април 14, 2023

Категории:

Свет, Струмица

Кина има намера да започне со изградба на база на Месечината во 2028 година.
Повеќе од 100 кинески научници, истражувачи и вселенски изведувачи неодамна се состанаа на конференција во централниот кинески град Вухан за да разговараат за начините за изградба на инфраструктура на Месечината, објави агенцијата.

Еден од експертите на Кинеската академија за инженерство, Динг Лиеџун, изјави дека тим од инженери работи на робот чија улога ќе биде да прави цигли од лунарната почва.

„Изградбата на база на Месечината е потребна за долгорочно истражување на Месечината и сигурно ќе се реализира во иднина“, рече Динг, додавајќи дека ќе има потешкотии во тоа да се направи на краток рок.

Роботот задолжен да прави цигли од лунарната почва ќе биде лансиран за време на кинеската вселенска мисија околу 2028 година, рече Динг, додавајќи дека Кина има за цел да го извади првиот примерок од почва од далечната страна на Месечината во една од идната мисија околу 2025 година.

Агенцијата потсетува дека Кина претходно земала примероци од почвата од блиската страна на Месечината за време на мисијата Чанг-е-5 во 2020 година.
Се вели дека Кина бара нејзините астронаути да останат на Месечината подолг временски период откако ќе биде воспоставена истражувачката станица.