strumica denes logo

ЌЕ СКОКНЕ ЛИ ЦЕНАТА НА ШЕЌЕРОТ? Индија го забрани извозот во следната сезона, што ќе значи ова за целиот свет?

Автор:

Датум:

ноември 8, 2023

Автор:

Датум:

ноември 8, 2023

Индија ќе го забрани извозот на шеќер за следната сезона, а почнна веќе од октомври. Ова е прв пат по седум години, бидејќи недостатокот на дожд ги намали приносите на шеќерна трска.

Оваа информација Ројтерс ја доби од свои извори во Владата на Индија. Доколку Индија не е присутна на светскиот пазар на шеќер, најверојатно ќе ги зголеми цените на берзите во Њујорк и Лондон, кои веќе се на повеќегодишни максимални вредности, што ги зголемува стравувањата од инфлација на светските пазари на храна.

– Нашата главна цел е да ги задоволиме локалните потреби за шеќер и да произведуваме етанол од вишок шеќерна трска. За претстојната сезона нема да имаме доволно шеќер за извоз – изјави извор од Владата на Индија.

Индија дозволи да се извезат само 6,1 милиони тони шеќер во текот на тековната сезона до 30 септември, а минатата сезона беше дозволен извоз на рекордни 11,1 милиони тони. Во 2016 година, Индија воведе данок од 20 проценти на извозот на шеќер за да ја ограничи продажбата во странство.