„На вештачката интелигенција ќе ѝ бидат потребни најмалку 10 години за да ја надмине човечката“, изјавил денеска извршниот директор на кинеската технолошка компанија „Baidu“, Робин Ли на конференцијата „Viva Technology“ во Париз.
„За вештачката општа интелигенција (AGI) која би била попаметна од човечката, ќе бидат потребни уште многу години. Многу од луѓето велат дека тоа е возможно за две или пет години, но јас верувам дека тоа е можно дури и за повеќе од 10 години“, истакнал Ли.
Според негово мислење, денешните најмоќни AI модели сѐ уште се доста далеку од нивото на кое е интелектот на човекот.
Како што пренесува „SNBS“, извршниот директот на фирмата „Baidu“ е значително помалку оптимистичен по прашањето на развојот на AI отколку другите светски лидери во таа област.
Извршниот директот на компанијата „Tesla“, Илон Маск, претходно годинава навел дека AGI која е попаметна од човекот ќе биде достапна до 2026 година, додека пак лидерот на компанијата „Open AI“ изјавил дека очекува моќен развој на AGI во блиска иднина, пренесува „Tanjug“.