strumica denes logo

Катерина Велика – најновиот бренд на ГРОЗД од светска класа!

Автор:

Датум:

септември 22, 2023

Автор:

Датум:

септември 22, 2023

Новата лозова ракија на ГРОЗД Струмица, Катерина Велика, со својот врвен квалитет и уникатност полека но сигурно ги освојува срцата на љубителите на ракија, освојувајќи престижни награди и признанија ширум светот.

Во една година од своето постоење, лозовата ракија Катерина Велика, натпреварувајќи се со огромен број светски брендови, успеа да обезбеди двоен златен медал од Women’s Wine and Spirits Awards во Лондон и Хонг Конг, двојно злато за најдобра во категорија и најдобро пакување на Спирит Фест во Сараево, 90 поени на најпрестижното натпреварување во светот – IWSC Лондон, признание за универзална привлечност и исклучителен квалитет од реномираниот Falstaff од Австрија и многу други и нтернационални награди и признанија.

Оваа лозова ракија е вистински доказ за мајсторството и посветеноста на струмичкиот ГРОЗД за производство на врвни алкохолни пијалоци. Нејзините досегашни успеси се пример за тоа што може да се постигне со огромна посветеност, како и следење на светските трендови во индустријата. Лозовата ракија Катерина Велика уште еднаш покажува дека земјата има потенцијал да произведе извонредни производи кои ја пленат и импресионираат светската публика.