КАКО ШТО СИ ЛИЧИ: Русија ќе забрани промена на полот: “Се заштитуваат бракот и семејството”

јули 8, 2023

Во текот на месец јули, Државната дума ќе го усвои законот за забрана на промена на полот, изјави претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин.

Во текот на јули ќе донесеме одлука да ја забраниме промената на полот“, напиша Володин на каналот Телеграм.

Претседателот на Државната дума потсети дека Русите пред три години одобрија амандмани на Уставот кои предвидуваат заштита на „институцијата брак, како заедница меѓу маж и жена“.

Тој истакна и дека пред еден час биле донесени закони кои забрануваат унапредување на нетрадиционални сексуални односи, ЛГБТ и педофилија.

„Традиционалните семејни вредности се важни за сите нас… Вчера претседателот на Чешка рече дека „ако, не дај Боже, победи Русија, ќе бидат уништени сите западни вредности“. Со еден збор изјави што планираат Вашингтон и Брисел. Сакаат да ни наметнат странски псевдовредности, да го уништат идентитетот на нашиот народ. Нивните планови се осудени на пропаст“, ​​додаде Володин.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ