Home

Perdormire
Политика Струмица

ЈОВАНА ТРЕНЧЕВСКА ОД СТРУМИЦА Е НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА!

Home

Мандатарот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски денеска до Собранието треба да ги поднесе новиот состав на Владата, како и владината програма, откако по синоќешните седници на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ ги објави имињата на членовите на владиниот кабинет.

Струмичанката Јована Тренчевска од Струмица ќе биде новиот министер за труд и социјална политика. Тренчевска, иако е релативно непозната за јавноста, е старо лице за луѓето во секторот што треба да го води во Владата – Министерството за труд и социјална политика. Таа на новата функција доаѓа од местото вршител на должноста директорка на Државниот инспекторат за труд, а во невладиниот сектор е позната од учество во многу панели поврзани со работничките и женските права. Таа е струмичанка и магистер по социолошки науки. Во работната биографија ѝ стои исто така дека била државна секретарка во Министерство за труд и социјална политика, раководителка на одделението за родова еднаквост во МТСП, советничка за родова еднаквост во истото министерство и координаторка на ресурсен центар за унапредување на родовата еднаквост.

Зборува англиски јазик и има поминато многу стручни курсеви за родова еднаквост, недискриминација, женски права и слично организирани од ОН, ОБСЕ, Светска банка, МЦМС, „Фридрихт Еберт“ и други меѓународни органзации и странски амбасади. Таа беше гласен поборник и на донесувањето на новиот закон за недела неработен ден и преку Државниот инспекторат за труд беше активно вклучена во контролата на работнички права.