Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 05, 06 и 07 јуни 2023 година, во раните утрински часови и во текот на пладневните часови ќе се врши теристичка и ларвицидна дезинсекција со следниот распоред:
На 05.06.2023 (понеделник) во општините Валандово, Дојран и Гевгелија
На 06.06.2023 (вторник) во општините Струмица, Босилово, Ново Село, Радовиш и Конче
На 07.06.2023 (среда) во општина Василево
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.