strumica denes logo

ИСТОРИЧАРОТ БРАНКО ЃОРГИЕВ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА МУЗЕЈОТ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

јули 1, 2024

Автор:

Датум:

јули 1, 2024

Бранко Ѓоргиев, историчар виш кустос  е новиот директор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Струмица.

Дипломирал на Филозофски факултет катедра за историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговата научна истражувачка дејност е поврзана со револуционерниот периодза Струмица и Струмичко, со музејска дејност, со заштита и презентација на движно, недвижно и уметничко културноисториско наследоство. Учествувал на научни симпозиуми и собири. Бил учесник во редакциски одбори. Досега објавувал повеќе прилози во Зборници на трудови, научни списанија и сл. Автор е на повеќе изложби и публикации ( монографија, каталози и други изданија ).

Покрај бројните научни трудови, прилози, статии и студии ги објавил следните посебни изданија и монографии:

– Каталог: Оружје и воена опрема од збирката на Завод и Музе јСтрумица, 2017
– Кратки биографии на револуционери од Струмица и Струмичко, CD, 2018
– Спомени од Македонското национално револуционерно и ослободотиелно движење, Струмица, 2021
– Каталог: Банкноти од XIX и XX век, Струмица, 2021