Искршени стакла и дупнати гуми на македонските возила во Калитеа и Афитос во Грција

јули 28, 2022

Околу двесетина возила со македонски регистерски таблички се тешко оштетени во изминативе два дена во грчките летувалишта Калитеа и Афитос на Халкидики. Снимките на возилата на коишто им се искршени предните и задните стакла, како и на дупнати гуми, се објавени на социјалните мрежи.

На Фејсбук групата „Life from Greece“, еден член ја сподели оваа информација со други, за да ги информира за инцидентот.

– Ова е срамен чин на најобични будали, врз основа на кој цел еден народ ќе биде окарактеризиран како таков“ – напиша таа.

На социјалните мрежи прво се појавија снимките од оштетените возила во Калитеа. На оваа ФБ-група, наменета за српските туристи кои се на одмор во Грција, беа прикажани фотографиите на кои се гледаат три автомобили со скршени стакла. Два автомобили имаат таблички од Битола. Администраторот препорача сите вакви инциденти да се пријават во полициската станица во Касандрија и да се бараат снимки од камера за да бидат откриени насилниците и вандалите.

По ова, се појавија и снимките од оштетените возила од летувалиштето Афитос.

Се уште нема информации дали грчката полиција постапува по овие случаи кои и биле пријавени.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ