ИЛОН МАСК ЈАВНО ИЗЈАВИ ДЕКА НЕМА ДА ГЛАСА ЗА ЏО БАЈДЕН!

јануари 25, 2024
U.S. AIR FORCE ACADEMY, Colo. -- Tesla Inc. Chief Executive Officer Elon Musk speaks with Lt. Gen. Richard Clark, Superintendent of the U.S. Air Force Academy, during the Ira C. Eaker Distinguished Speaker Presentation in the Academy's Arnold Hall on April 7, 2022 in Colorado Springs, Colo. (U.S. Air Force photo by Trevor cokley)

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека нема да гласа за актуелниот американски лидер Џо Бајден на претстојните претседателски избори!

Маск го коментираше сопственото интервју за американскиот телевизиски канал CNBC во кое изјави дека гласал за Бајден на претседателските избори во 2020 година.

– Не можам да замислам овој пат да гласам за Бајден – напиша Маск на својот профил на социјалната мрежа Икс.

Претседателските избори во САД се закажани за 5 ноември 2024 година.

Анкетите покажуваат дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп е фаворит на републиканските прелиминарни избори и дека ќе му се спротивстави актуелниот претседател Џо Бајден од редовите на демократите.

Според анкетите, Трамп е во добра позиција да се врати во Белата куќа.

Милијардерот Илон Маск, да потсетиме, неодамна изјави дека му верува на Вивек Рамасвами (39) од Републиканската партија, кој се кандидира за функцијата претседател на САД.

Рамасвами, сепак, се откажа од својата кандидатура и го поддржа Трамп.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: