Илон Маск изјави дека сме на чекор до чип во човечкиот мозок на оние луѓе кои имаат сериозни заболувања и не можат да се движат!

декември 9, 2021

Во текот на вчерашното интервју, милијардерот Илон Маск изјави дека неговата компанија Neuralink за помалку од една година ќе вгради чипови во човечки мозок.

„Neuralink функционира добро кај мајмуни и ние всушност само правиме многу тестирања и потврдуваме дека уредот е многу безбеден и сигурен, дека може безбедно да се отстрани“, објасни најбогатиот човек во светот.

Тој изрази надеж дека уредот наскоро ќе се најде и кај луѓе, односно кај луѓе со тешки повреди на ‘рбетниот мозок.

„Мислам дека имаме шанси да овозможиме некому кој не може да се движи повторно да оди или да ги користи рацете, но не природно“, објасни тој.

Neuralink на 9 април 2021 година покажа мозочен чип кај мајмун, што на животното му овозможи да игра одредена видеоигра, користејќи го само својот мозок. Уредот во мозокот сними информации за активирање на неврон додека животното ја играло играта, учејќи да ги предвиди движењата кои ќе ги направи.

„Во суштина, мајмунот изгледа нормално, но телепатски ја играше видеоиграта што мислам дека е навистина нешто длабоко“, изјави Маск.

Тој тврди дека оваа технологија се покажа како безбедна во мозокот и лесно може да се отстрани така што единствена што ја спречува Neuralink од тестирање на луѓе е одобрение од ФДА.

„Нашите стандарди за имплементација на уредот се повисоки од оние кои ги одобрува ФДА, исто како што нашите стандарди за безбедност се многу повисоки од тоа што го бара американската влада“, вели Маск.

Тој објави и твит во кој повтори дека 2022 година е рокот, наведувајќи дека напредокот ќе се забрза кога уредите ќе бидат вградени во луѓе следната година.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ