ИЛИНДЕНСКАТА КОЊАНИЦА ОД СТРУМИЧКО ГО ПОСЕТИЈА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИЈА ЗА ПОДДРШКАТА!

август 15, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Љубовта кон татковината, не познава граници, ни возрасни, ни верски, а политичките, најмалку се потребни.

Токму љубовта кон нашата Македонија беше таа што ги спои петте момчиња од Радово, меѓу кои најмладото со само 8 години, во посебна коњаничка група која на Илинден стаса на Мечкин Камен во Крушево.

Со посебно задоволство ги поддржав од таму да ја испратат пораката за единство во љубовта кон татковината и почит за илинденците кои животот го дале за неа.

Денеска, дел од нив ме посетија за да се заблагодарат за поддршката, но и да ги споделат впечатоците од нивната прва илинденска коњаничка тура до Крушево.

Секогаш од срце за нашата татковина.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ