strumica denes logo

ИГРА СО „ОГАН“ ОКОЛУ ТАЈВАН: Кинески борбени авиони се упатија кон Тајванскиот теснец и го блокираа цел регион!

Автор:

Датум:

август 2, 2022

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

август 2, 2022

Категории:

Струмица

Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси слета на аеродромот во Тајпеј, Тајван, пренесува АП. Авионот полетал утрото од Куала Лумпур на исток кон Борнео на рута која го заобиколувала Јужното Кинеско Море.

Борбени авиони на воздухопловните сили на Кинеската Народноослободителна армија полетаа вечерва по локално време во правец на Тајван, јавува кинеската централна телевизија. Ова го потврди и АФП.

Кинеското Министерство за надворешни работи:

Како одговор на посетата на Пелоси на Тајван, ќе ги преземеме сите неопходни мерки за заштита на државниот суверенитет и територијален интегритет, последиците ќе бидат одговорност на САД и Тајпеј.

Соединетите држави се обидуваат да го оспорат суверенитетот на Кина над Тајван и да предизвикаат конфликт во Тајванскиот теснец, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Истакнувајќи дека некои американски политичари „отворено си играат со оган“ за прашањето на Тајван, Ванг рече дека САД „континуирано го поткопуваат суверенитетот на Кина, ја поткопуваат политиката „Една Кина“, па дури и намерно се обидуваат вештачки да направат инцидент во Тајванскиот теснец.

Ванг понатаму сугерираше дека некои американски политичари се грижат само за сопствените интереси и дека неуспехот на Вашингтон да ги почитува своите обврски кон Тајван е „срамен“ и само ја нарушува неговата репутација, карактеризирајќи го како „најголем уништувач на мирот денес“.

Тој, исто така, предупреди дека „да се направи непријател на 1,4 милијарди Кинези никогаш нема да заврши добро“.

Ји додаде дека некои американски политичари „отворено си играат со оган“ и ги осуди обидите на Вашингтон вештачки да создаде инцидент во Тајванскиот теснец.

Кина постојано предупредуваше дека нејзиното доаѓање Пекинг ќе го сфати како „грубо мешање во внатрешните работи на Кина“, а портпаролот на Министерството за надворешни работи Жао Лиџијан изјави дека „ако си играте со оган, ќе изгорите“. Верувам дека САД се целосно свесни за силната и јасна порака што Кина ја испрати“.