Компанијата „Lenovo“ го одржа својот годишен настан „Global Tech World“, за време на кој се истакна најавата за концепт телефон со флексибилен POLED екран.
Интересно е што уредот може да се завитка околу зглобот, или да стои самостојно во различни свиткани позиции. „Lenovo“ верува дека ова ќе биде клучот за искуството на уредот без прсти во иднина.
„Motorola“, која е во сопственост на компанијата „Lenovo“, не објави детали за спецификациите на споменатиот уред.
Она што го знаеме е дека има дијагонала од 6,9 инчи и FHD+ резолуција. Назад се забележуваат големи рамки, како и некакво платно на задната страна.