И СТРУМИЦА СЕ МОБИЛИЗИРА ДА ПОМОГНЕ НА ДВЕТЕ ДЕЧИЊА ОД ВИДЕОТО НА ВИДИ ВАКА: ПОТРЕБНА Е ОБЛЕКА ЗА ДЕЧИЊАТА, ВО ОБЈАВАТА ЈА ИМАТЕ И ТРАНСАКЦИСКАТА СМЕТКА ЗА ДОНАЦИЈА!

декември 5, 2020

„Сакам само лаптоп на кој ќе можам да учам, па после пандемијата ќе го вратиме.“– ова е реченицата на средношколецот Мите Драгишевски која ја освои Македонија со својата скромност. Мите и неговата сестра Катерина во документарецот на Види Вака побараа лап топ на кој ќе може многу полесно да ја следат наставата и да ги завршуваат своите училишни обврски. Тимот на Струмица Денес стапи во контакт со дечињата и првото нешто кое го рекоа е дека се јавиле многу луѓе и обезбедени се два лап топи!

Нашата Струмица отсекогаш била хумана без разлика за што и да се работи, на хуманитарната акција веднаш одговорија „Здравец“ и продавницата за мобилни телефони Eltech GSM. Потребна е исто така облека и патики за двете дечиња:

За Катерина: S величиња на облека и 37 број на патики.
За Мите: S величина наоблека и 36 број на патики.

ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА ЗА ДОНАЦИЈА: 210501589735086 ( NLB БАНКА )
Стоје Лазаревски

Сите оние кои сакаат да помогнат со облека може слободно да не исконтактираат во порака.

Линк од видеото: https://www.facebook.com/vidivakamedia/videos/381826766236102

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: