И ОВАА ГОДИНА ВК „АКТИВ“ ГО ОРГАНИЗИРА ДВОДНЕВНИОТ НАСТАН „МИСТЕРИИТЕ НА БЕЛАСИЦА“

јуни 15, 2022

Велосипедскиот клуб“Актив” од Струмица традиционално секоја година го организира дводневниот настан „Мистериите на Беласица“, којшто се одржува последниот викенд од месецот јуни, поточно оваа 2022 година ќе биде на 25 и 26 јуни (сабота и недела).

Учесниците имаат можност да се одлучат за пешачка или за велосипедска тура.

Краток опис на патеката од првиот ден (сабота, 25 јуни):

– појдовна точка на горниот дел од селото Смолари, на надморска висина од 382 м.
– се вози или пешачи по широка земјена патека во должина од 10 км
– пристигање до Планинарскиот дом „Шарена чешма“,на надморска висина од 1.276 м.
– патеката е со умерена тежина

Првиот ден сите учесници тргнуваат од подножјето на планината Беласица со зборно место на горниот дел од селото Смолари и се упатуваат кон Планинарскиот дом „Шарена чешма“, којшто се наоѓа на надморска висина од 1.276метри. Таму се подготвува вечера и мала забава. Дел од учесниците се сместуваат во планинарскиот дом, додека останатите се организираат во сопствени шатори.

Краток опис на патеката од вториот ден (недела, 26 јуни):

– појдовна точка Планинарски дом „Шарена чешма“,на надморска висина од 1.276 м
– се вози или пешачи по широка земјена патека во должина од 6 – 8 км
– прва опција со пристигање до врв „Тумба“,на надморска висина од 1.880 м.
– втора опција со пристигање „Ѕвезден врв“,на надморска висина од 1.877 м.
– спуштање до селото Смолари, на надморска висина од 382 м.
– патеката е со умерена тежина

Според програмата, вториот ден сите учесници се упатуваат заедно кон врвот “Тумба” или “Ѕвезден врв”коисе наоѓаат на надморска висина од 1.880м. односно 1.877 м. На врвовите има краток одмор со заедничко фотографирање и враќање кон планинарскиот дом „Шарена чешма“, од каде штопо заедничкиот ручек следува организирано враќање на велосипедистите и планинарите до подножјето на планината Беласица во селото Смолари.

НАПОМЕНА: Строго е забрането фрлање било каков отпад.

Подетални информации на Фејсбук страната на Велосипедскиот клуб “Актив” од Струмица
https://www.facebook.com/vk.aktiv

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ