Ако правите анализа што најмногу ги тишти нашите сограѓани и ќе видите дека од првите пет приоритети, три се економски теми. Следните две се криминалот и корупцијата, па доаѓа образование, па доаѓа здравство. Значи тоа е едно огромно мнозинство од наши сограѓани кои што велат ова се моите најзначајни проблеми со кои што соочувам. И ние како политичари кои што имаме редовна анализа, мерења, месечно по два пати, една теренска и една телефонска анкета, овие атрибути сериозно ги анализираме и се обидуваме да најдеме решение – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Мицкоски додаде дека за да се решат проблемите во државата потребни се и умните глави.
И велиме ајде да се обидеме и покрај нашите капацитети и можности внатрепартиски да ги повикаме и умните глави во општеството кои што седат настрана и кои што не сакаат да бидат дел од oваа наша политичка кал или мочуриште како сакате наречете го, да ја отвориме партијата, да ги отвориме вратите, да ги поканиме и да испровоцираме од нив некои решенија кои што ние популарно ги велиме надвор од кутијата – рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека кога сте внатре во кутијата опкружени со луѓе кои што се само дел од структурата не можете да видите нешто што тие умни глави кои што се надвор од структурата го гледаат. Токму тие умни глави се потребни за развој на Македонија.