ГРАЃАНИТЕ ДА ГИ ОТСТРАНАТ ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ТЕСНИТЕ УЛИЧКИ – ПОГЛЕДНЕТЕ КАДЕ ЌЕ СЕ ВРШИ ДЕЗИНФЕКЦИЈА ВО ЧЕТВРТОК, ПЕТОК, САБОТА И НЕДЕЛА!

април 9, 2020

Согласно направениот план, денеска и во наредните денови, продолжуваме со дезинфекцијата во градот и населените места по следниот распоред:

Четврток 09.04 – Дезинфекција на населените места Дабиле, Просениково и Добрејци со почетокок од 16ч.
Петок 10.04 – Дезинфекција на централно градско подрачје и рачна дезинфекција на тротоари и урбана опрема. Дезинфекција на населените места Баница, Водоча и Вељуса со почеток од 16ч.
Сабота 11.04 – Дезинфекција на населените места Муртино, Сачево, Куклиш, Свидовица, Банско, и Габрово со почеток од 9ч.
Недела 12.04 – Дезинфекција на населените места Костурино, Раборци, Попчево и Рич со почеток од 9ч.

Се апелира до сите граѓани во текот на овој период да ги отстранат паркираните возила од тесните улички за да може цистерната со дизенфекциониот материјал слободно да поминува.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ