До редакцијата на Струмица Денес пристигна писмо од група граѓани кои живеат на улицата „Иљо Шопов“ во Струмица. Во писмото е наведено дека на истата улица се гради без дозвола. Како што велат тие, најпрвин започнало со изградба на тераса, а сега се гради уште една куќа. Граѓаните исто така побарале од општина Струмица како и од градежната инспекција да одговорат на терен во врска со овој случај, но како што е наведено во писмото, на терен никој не излегол.
Струмица Денес побара одговор и од општина Струмица. Во продолжение проследете го:
Во врска со доградбата на станбена куќа на ул.Иљо Шопов бр.69 во Струмица, овластениот градежен инспектор има констатирано со Записник ип1бр. 26-234 од 23.06.2020г дека станува збор за бесправна градба и за истата има донесено Решение за отстранувањеm ип1бр. 26-234 од 03.07.2020г.