strumica denes logo

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА: Овие две саботи, во координација со СВР преземаме акција на пазарот „Чешел“ и спречуваме појава на диви продавачи – Нема да дозволам да се доведе неред и анархија во Струмица!

Автор:

Датум:

декември 4, 2021

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

декември 4, 2021

Категории:

Струмица

Ја почитувам социјалната димензија, но на ниту еден начин и во ниту еден момент нема да дозволам тој да доведе до неред и анархија во општина Струмица, за тоа сум изгласан и имам доверба од граѓаните на непосредни избори“, оваа порака ја упати градоначалникот Костадин Костадинов од работната конференција на Локалниот совет за превенција, а на која тема беа и дивите продавачи.

-Се разговараше за дивите продавачи долж булеварот „Маршал Тито“, поточно кај „Глобал“ и „Тинекс“ секако и за дивите продавачи вон пазарот Чешел. Морам да кажам дека две саботи по ред, во координација со СВР Струмица преземаме акција на пазарот „Чешел“ и спречуваме појава на диви продавачи, пред се со текстил.

Заклучокот е дека нема да пристапуваме директно со казни, ќе постапуваме со превенирање, затоа што ја разбираме потребата од егзистенција, но го разбираме и револтот на оние луѓе коишто чесно и поштено си ги плаќаат давачките, плаќаат закупнина за објекти и тезги, а надвор се случува продажба на црно и се развива сива економија. Сепак, донесена е одлука комуналните инспектори и редари, кога има потреба со асистенција од СВР Струмица, да излегуваат секојдневно на терен на булеварот и да спречуваат таквите диви продавачи воопшто да се постават од рано изутрина и гледам дека ефектот е доста позитивен и се намалува бројката. Предизвикот пред кој и сега сме исправени, посебно, пред Нова година и празниците, е таа енормна бројка на диви продавачи, и се надевам дека активностите кои се договорени во рамките на Локалниот совет за превенција конечно ќе дадат резултат, да спречиме диви продавачи на било каде на територијата на општина струмица, особено Не во централното градско подрачје, рече градоначалникот Костадинов.