ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА ГО ПРЕДАДЕ ВОЗИЛОТО ЗА СМЕТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА БОСИЛОВО!

јуни 6, 2022

Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:

Јас сум градоначалник на сите и на партиски определените и на неопределените.

Верувам во соработката со другите колеги од регионот, оти мора така да биде.

Доволно им беше на граѓаните поделби на наши и ваши!

Ова нека биде јасна порака до сите, како треба да функционираме.

Речено – одлучено – сторено. Тоа би било резимето од денешниот чин на доделување возило за смет за потребите на Општина Босилово од страна на ЈПКД „Комуналец“ и Општина Струмица.

Откако Управниот одбор на „Комуналец“ донесе одлука, со донација на специјално возило за смет, да и се помогне на општина Босилово, а потоа истата таа одлука доби и „зелено светло“ од страна на Советот на општина Струмица, денес на заемно задоволство беше извршено примопредавање на такво возило во дворот на „Комуналец“ во Босилово.

Општините не смеат да се делат на големи и мали, ниту пак на „наши и ваши“ според политичката припадност на луѓето кои ја сочинуваат локалната власт. Потребите на граѓаните немаат партиска обоеност. Токму поради тоа, денешната солидарност на дело треба да биде вистински урнек за сите општини во државата.

Продолжуваме во ист стил и со исто темпо. За кого? За граѓаните.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ