Голема SUNnyDAY кампања на Sunday Sweets: Бројни вредни награди!

август 3, 2021

Најголемата летна кампања во Македонија! Освен што нудат широка палета на производи од сопствено производство, брендот Sunday Sweets на Kolid S Team неодамна ја презентираше SUNnyDAY кампањата која има за цел директно да ги вклучи потрошувачите во креативниот процес на брендот.

Имено, преку интерактивна содржина на социјалните мрежи, во текот на 4 седмици Sunday Sweets ќе ја поттикне креативноста на фановите, а воедно ќе ги награди со дури 42 вредни награди! Велосипеди, Lazy фотелји, Bluetooth звучници, паметни часовници, ранци за лаптоп, пакет производи и многу други! Сите пак, што дополнително ќе се активираат и ќе испраќаат креативни фотографии со слатките од Sunday – ќе се обезбеди дополнителен фонд на подароци.

Се што треба да направите е да ги следите профилите на Sunday Sweets на социјалните мрежи ФЕЈСБУК и ИНСТАГРАМ, како и нивниот YouTube канал  и внимателно да ги следите условите за учество.

Како општествено одгoворна компанија чиишто производи се извезуваат во повеќе од 22 земји ширум светот, Kolid S секогаш го почитува мислењето на своите потрошувачи и со задоволство ги разгледува нивните предлози и сугестии. Затоа, честопати се реализираат вакви кампањи на задоволство на потрошувачите во нашата земја, со цел да им се даде простор да ги изнесат своите размислувања и потреби. Освен што го прават животот посладок, слатките на Sunday Sweets се препознатливи по својот квалитет и употребата на висококвалитетни продукти при производство, а комплетниот асортиман на колачи, сирупирани десерти, вегетаријански производи и бискоти може да го погледнете на https://sunday.mk/mk/.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ