strumica denes logo

ГОЛЕМ УСПЕХ: Струмичанецот Митко Иванов освои второ место на меѓународен натпревар за спа, велнес и физиотерапија во Босна и Херцеговина!

Автор:

Датум:

април 30, 2026

Автор:

Датум:

април 30, 2026

Значаен резултат за македонската сцена во областа на спа, велнес и физиотерапија беше остварен на меѓународен натпревар одржан во Сараево, Босна и Херцеговина, каде што учество зедоа бројни професионалци од регионот.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Меѓу нив се истакна струмичанецот Митко Иванов, кој во силна конкуренција од околу 140 натпреварувачи успеа да го освои второто место, потврдувајќи го својот квалитет и посветеност во оваа област.

Македонските претставници настапија под менторство на претседателот на СВАМ и официјален судија на натпреварот, Александар Мендов. Со својата техничка подготвеност, професионален пристап и високи етички стандарди, тие оставија силен впечаток кај меѓународното жири, кое го вреднуваше нивниот настап во рамки на Светската федерација за масажа.