ГОЛЕМ СТАНБЕН ОБЈЕКТ ВО СТРУМИЦА ДЕНЕС ОДИ НА АУКЦИСКА ПРОДАЖБА – Еве што се може да се најде низ домашните банки!

октомври 25, 2023

Куќи, станови, земјиште, повеќе типови деловен простор со различна големина, но и различни типови на производни капацитети се на листите за продажба кои се нудат преку домашните комерцијални банки. Со брз преглед на објавите на веб страните на најголемите банки во Македонија може да се најдат куќи кои се продаваат, најверојатно поради неможноста на сопствениците навреме да ги вратат земените кредити во банката, кои потоа се одземени поради ненаплатени кредити и сега се нудат на продажба.

Забележливо е што дел од банките имаат куќи кои се со голема квадратува и истите се подолг период на продажба.

Така на пример куќа во село Батници, Скопје која се продава преку Стопанска банка има вкупна површина од 257 метри квадаратни со земјиште од 1.262 метри квадратни. Друг имот исто така во главниот град, е во населбата Ѓорче Петров со површина од 304 метри квадранти и половина од двор со површина од 116 метри квадратни…

Во Долно Оризари, Битола се продава куќа со површина од 247 метри квадрани, која има и плус два деловни простории од 67 и 63 метри квадратни, и земјиште со површина од 1.541 метри квадратни.

Преку истата банка се продава и стан во населебата Црниче во Скопје со квадартура од 129 метри.

Уште една голема банка во земјав има „богат“ избор на станови и деловен простор на продажба.

Преку повеќе извршители, Комерцијална банка продава куќа на улицата Шар Планина во скопската населба Ѓорче Петров која зафаќа површина од 99 метри квадратни и има земјиште од 270 метри квадратни.

Истата банка продава уште една куќа во Скопје, и тоа во Центар на улицата П. Неделковски со квадратура од 394 метри квадратни и земјиште од 360 метри квадратни. Продаваат и еден стан во Чари на улицата 28 Ноември со квадратура од 61 метар.

Уште еден примамлив објект за граѓаните е продажба на повеќе станови во семејна зграда во Струмица. На веб страната на НЛБ Банка објавено е дека во извршна постапка е стан во семејна зградба на улица Р. Гидалов објект 1, влез 1, кат први, број два со внатрешна површина 99 метри квадратни. Во истиот објект всушност се продаваат повеќе станови, од кои дел се со иста квадратура. Меѓу понудата има уште еден стан со број 3 со површина од 71 метар квадратен, а се подаваат и помошни простории на истата адреса со површина од 48 метри квадартни, како и гаража со 45 метри квадаратни.

Се подава уште еден стан во истиот објект на приземје со површина од 99 метри квадартни, но и уште неколку помошни простории со квадратура од 8, 11 и 13 метри квадратни.

Според објавата сите овие објекти ќе се продаваат денеска преку извршителката Данче Попчотрова – Ѓеоргиева од Струмица во 12 часот. Почетната вредност на објектот кој се продава е 6.238.621 денари, под која не може да се продава на првото јавно наддавање. Повеќе детали и телефон за контакт на овој линк.

Прегледот на понудата на банките покажува дека со детално пребарување има голем избор на станбени објекти кои се нудат на продажба, но меѓу нив има и недовршени обејкти.

Недвижностите кои се продаваат од страна на банките во нашата земја според упатените не спаѓаат во имот кој лесно се продава. Се случува дел од објектите да чекаат години додека да добијат нови газди, па имотите стојат на списоците на банките подолг период.

За оние кои сакаат да купат имот или деловен објект по пониска цена, ќе мора да се потрудат во пребарувањето. Секоја банка на својата веб страна има список или листа од недвижнини кои ги продава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ