ГО ДАЛЕ НЕГОВИОТ БРОЈ ПО ГРЕШКА: БИТОЛЧАНЕЦ ЗАГЛАВЕН ОД МНОГУБРОЈНИТЕ ПОВИЦИ ОД СТРУМИЧАНИ!

април 3, 2020

МЕЈЛ ДО РЕДАКЦИЈАТА НА СТРУМИЦА ДЕНЕС:

Здраво,

Јас сум приватно лице од Битола, но во последниве 2 недели и дежурен „волонтер” во борбата со Корона вирусот!

Шегата настрана, во голем дел од установите во Струмица циркулира погрешен број од центарот за јавно здравје и луѓето кои се во самоизолација ми звонат мене наместо во установата во која треба да се пријавуваат.

После првите два повици, се сетив дека може да е грешка и го побарав вистинскиот број, па почнав да го праќам по СМС на луѓето кои по грешка се јавиле кај мене. И од почеток ми изгледаше како да помагам во целиов хаос.

Меѓутоа, по неколку дена, и повици во било кое време на денот, јас како родител со мало дете и вработен кој работи од дома и притоа сум често на состаноци, решив да ја “исправам” работата.

Прво се јавив во центарот за јавно здравје (на вистинскиот број нели) за да им соопштам дека циркулира погрешен број во јавноста. Ми рекоа дека ќе го поправат…

Потоа на Facebook почнав да барам матични лекари кои на врата истакнале погрешен број, и почнав да звонам на сите што ги најдов. Ми рекоа ќе поправат…

Денес се јавив во СВР Струмица за да побарам помош при откривање на изворот на погрешна информација. Ми кажаа дека имале точен број. И толку.

Да бев друг карактер, и да не ми беше жал за луѓето кои се нашле во ваква ситуација, ќе ги праќав да се јават лично во полициска станица.

Па добро бе, дали треба на Венко да му се јавам за да се среди ова?

Ви се обраќам вам како медиум кој претпоставувам Струмичани го следат повеќе од остатокот од земјава, да ми помогнете во промената на бројот кој циркулира, а да им помогнеме заедно на тие луѓе на кои овај лапсус исто така им е малтретирање покрај ситуацијата во кои се нашле.

Вистинскиот број е истакнат на страната на Министерство за Здравство:

КЛИКНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: