Директорот на Државниот Пазарен Инспекторат го именува Глигор Поцков за Раководител на оваа служба во Струмица.
На својот профил Поцков објави:
Почитувани пријатели драги сограѓани.
Голема благодарност за соработката на сите колеги и соработници во ЈЗУ Општа Болница Струмица за досегашната искрена и добра заедничка работа.
Ми претставува чест и должност работните денови да ги продолжам како дел од тимот на Државниот Пазарен Инспекторат.
Со одлука на Директорот на ДПИ именуван сум за Раководител на Одделението за Државен Пазарен Инспектор во Струмица со опфат на градовите Радовиш, Гевгелија, Валандово.
Ни претстојат многу работни денови и многу сложени задачи во запазување на законите и стандардот на граѓаните.