strumica denes logo

ФОТО: МАЈКА СЕ ОБИДЕЛА ДА ЈА ШВЕРЦУВА ЌЕРКА СИ ВО БАГАЖНИК, ФАТЕНА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН МЕЏИТЛИЈА ВО МАКЕДОНИЈА!

Автор:

Датум:

август 11, 2023

Автор:

Датум:

август 11, 2023

Царински службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за нелегално пренесување на непријавено лице во државава, откако мајка од Јужноафриканска Република се обидела да ја пренесе својата ќерка во багажник на изнајмено возило со македонски регистарски таблички.

-Имено во понеделникот, на 7 август, на влез во државава, на граничниот премин со Грција во Битола, се пријави државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Л.Р. (57), како возач на изнајмениот автомобил. На прашање на царинскиот службеник дали има да пријави нешто за царинска контрола, лицето одговори нема ништо да пријави. Царинскиот службеник се посомнева во изјавата и реши да изврши физичка контрола на возилото, при што во багажниот простор на возилото пронајде непријавено лице. Со проверка на патната исправа се утврди дека се работи за државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Д.Ј. (23), информираат од Царинската управа.

За случајот е известена полициската станица на ГП Меџитлија и случајот е предаден во нивна надлежност за натамошно постапување.