strumica denes logo

(ФОТО) Енергетски ефикасно ЛЕД осветлување на булеварот „Маршал Тито“

Автор:

Датум:

април 21, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

април 21, 2018

Категории:

Струмица

Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ продолжува со модернизирањето на уличното осветлување во градот. Деновиве се работи на ново енергетски ефикасно ЛЕД осветлување на булеварот „Маршал Тито“. На потегот од кружниот тек кај ЕВН кон средното општинското училиште „Никола Карев“ веќе се поставени нови 40 ЛЕД арматури, а замената на старите со нови сијалични места ќе продолжи се до излезот на Струмица кон Валандово. Новите ЛЕД светилки се поквалитетни и енергетски поефикасни од тие што досега беа во употреба. Современото улично осветлување е еден од приоритетите на градоначалникот Коста Јаневски и ЈП „Паркиралишта Струмица“.