СОСТОЈКИ:
- 2 јајца
- 2 лажички шеќер
- 1-2 кесички ванилин шеќер
- 1/2 лажичка сол
- 300 мл јогурт
- 300 гр брашно
- рендана кора од лимон
- 1/2 кесичка прашок за печиво
- 500-600 мл масло за пржење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Рачно разматете јајца со шеќер, ванила, додајте сол, јогурт, рендана кора од лимон и потоа брашно, малку по малку, прашок за печиво. Добро разматете со лажица па оставете десетина минути, а за тоа време ставете масло да се загрее.
- Пржете во врело масло. Додека се пржат вртете ги и готови вадете ги на салфета да се исцедат. Посипете со шеќер во прав.