Туристичкиот магазин Conde Nast Traveler пронајде земји кои треба да се посетат и не се меѓу најскапите.
Тие ги препорачуваат овие места за посета во 2024 година. Наведоа 21 земја, а меѓу нив е и Македонија како и соседните земји – Србија, Унгарија и Албанија.
Тие сметаат дека нашата земја поминува под радарот бидејќи земјите во близина имаат излез на море. Посочуваат дека во Македонија нема многу криминал и препорачуваат задолжителна посета на Охрид.
Има калдрмени улици и необични цркви кои се очекувани од еден европски град, со дополнителна предност што е сместена на брегот на неверојатно убавото и биолошки разновидно Охридско Езеро, пишуваат тие.
Македонија и претходно се наоѓаше на различни листи како земја која треба да се посети.