EUROPE HOUSE ВО ЧЕСТ НА БОРБАТА ПРОТИВ РОДОВОТО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО ЌЕ ОРГАНИЗИРА ДВА НАСТАНИ ВО СТРУМИЦА!

ноември 30, 2021

Вечерва општинската зграда на Струмица светна во портокалова боја во чест на борбата против родово базирано насилство.

⭐ Europe House ⭐Струмица во петок (03.12.2021) организира два настани во чест на борбата против родово базирано насилство и тоа: изложба на отворено „Како ти изгледа од овде?“ која ќе се одржи од 12:00 до 16:00 часот на градскиот плоштад „Гоце Делчев” и дискусија „Една од три” која ќе се одржи во просториите на ⭐ Europe House ⭐Струмица.

Насилството какво и да е не треба да е табу!

Охрабри се и пријави!

Фото: Столе Ангелов

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ