Home

Perdormire
Економија Струмица

ЕУРОМАКС: Нема Цијанид, Сулфурна киселина или друга токсична хемикалија, а минералниот концентрат ќе се носи во топилница во соседна држава!

Home

Предрасуди и Стереотипи: Технологија на хемиски процес ,,Лужење” со примена на токсични хемикалии – Цијанид и Сулфурна киселина со што ќе се контаминира и трајно ќе се загадат почвата, подземните и надземните води

ВИСТИНА: Само физички процес ,,Флотација” за добивање на бакарен концентрат и во ниту една фаза нема да се употребува Цијанид, Сулфурна киселина или каква било друга токсична хемикалија. По ,,Флотацијата”, собраните минерали кои содржат метал, како концентрат, ќе се транспортираат на понатамошна обработка во специјализирана топилница која е лоцирана во соседна земја.

Она што останува како ,,јаловина” е песок и тиња, измешани со вода. Во постојниот проект е планирано јаловината понатаму да помине низ процес наречен ,,згуснување”, каде ќе се извлече најголемиот дел од водата која ќе се рециклира за повторно да може да се користи во обработката. Со тоа, учеството на цврстата материја во јаловината ќе достигне 60 проценти со конзистентност на ,,паста” и нема да биде течна. Ова ќе се складира зад камениот насип каде ќе продолжи да се суши и зацврстува. Целата преостаната вода, како и атмосферските дождови, ќе се испумпуваат со моќни пумпи назад во постројката за преработка. Значи со рециклирање, повторно ќе се користи извлечената вода, што е од суштинско значење за нашиот врвен приоритет – добро управување со животната средина. Иако ова има и комерцијална смисла затоа што ја минимализира количината на „нова вода“ која би требало да ја повлечеме од друга акумулација.

Како одговорна компанија која ги следи иновациите и новите технологии во рударската индустрија, посветени сме тековно да го унапредуваме нашиот проект со имплементирање на такви нови технологии и технички достигнувања. Нашите стручни тимови внимателно ја следат фазата на тестирање за практична употреба на новите „филтер – преси“ со кои веројатно би можеле да добиеме јаловина со учество на сува материја до 80 проценти и конзистенција слична на „торта“ или можност пресираната јаловина како тули да се реди зад камениот насип.