strumica denes logo

ЕПСКИ КРИМИНАЛ: УЈП и Царината утврдија штета од 65 милиони евра во случајот „Крмзов“, но некој ја мати водата?

Автор:

Датум:

јануари 10, 2025

Автор:

Датум:

јануари 10, 2025

Финансиските малверзации, со кои на Буџетот му е нанесена штета од најмалку 65 милиони евра, се утврдени со контроли и записнички се констатирани. Зачудува фактот што органите на кривичниот прогон смислуваат бирократски пречки и изговори овој богат доказен материјал да не падне во нивни раце. Добро упатен извор за Плусинфо тврди дека ова поведение е крајно сомнително и можеби е обид за прикривање на голем криминал.

Штетите се утврдени записнички, при контроли на десеттина фирми поврзани со Крмзов. За жал, во овој момент, претставниците на финансиските власти безуспешно бараат начин доказниот материјал да го предадат на обвинителството кое е одговорно за предистрагата за овој случај. Плусинфо дознава дека Обвинителството инсистирало записниците да ги добие преку МВР и при тоа смислувало еден куп бирократски изговори за одолговлекување на предистрагата.

ИЗВОР: ПЛУСИНФО