Нарекуван модерна верзија на Томас Едисон и Хенри Форд, Маск е единствениот во Силициумската долина по смртта на Стив Џобс и околу кого лебди слична мистична аура. 44-годишен, тој е човекот зад Пејпал, компанијата за производство на вселенски летала СпејсИкс, на онаа за производство на електрични автомобили Тесла Моторс, и на СоларСити, најголемата американска компанија за соларна енергија.
Но тој е далеку од „обичен” бизнисмен – неговите потези се визионерски и револуционерни, и тоа во три одделни индустрии, кои се поврзани преку неговите проекти: автомобилите Тесла, на пример, се продаваат со гаранција за бесплатно гориво во форма на соларна енергија, од станици за напојување кои работат на соларни панели произведени во Солар Сити. Истовремено, развиена е домашна батерија со пристапна цена која ја складира сончевата енергија и се вклучува кога соларните панели се празни.
Маск неодамна во едно од своите интервјуа изјави:
„ДОАЃА НОВА ЕРА, ОДИМЕ НА МЕСЕЧИНАТА, ОДИМЕ НА МАРС“.