ДВЕ ЛИЦА СО ВОЗИЛО ИЗЛЕТАЛЕ ВО ПРОВАЛИЈА ДЛАБОКА ПЕТ МЕТРИ НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ОД СТРУМИЦА КОН БРАНА ВОДОЧА!

јануари 15, 2024

Регионалниот ЦУК Струмица, извести дека околу пладне била добиена пријава од граѓанин за излетано возило од патот на патниот правец од Струмица кон Брана Водоча. Веднаш биле известени МВР и ТППЕ Струмица кои излегле на терен и констатирале дека се работи за излетано возило надвор од патот во длабочина од 5 м. Лицата ги немало во и околу возилото, биле барани и било констатирано дека имало две лица и коишто за срека не биле повредени. Инаку, двете лица сами го напуштиле местото на настанот и не го пријавиле сами и на време случајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ