Рано утрово во 05:31 и 05:37, во околината на Струмица беа регистрирани два земјотреси, од кои едниот со поголема јачина, информира Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според првичните податоци, јачината на земјотресот во 05:31 изнесува 3.3 степени според Рихтеровата скала, a вториот во 05:37 – 2.5 степени.
Епицентрите се наоѓа на 16 и 17 километри југоисточно од Струмица, на длабочина од 5 и 8 километри.