Комета која поминува еднаш на 80 илјади години вчера можеше да се забележи и во Македонија. Станува збор за Ц/2023 А3 Цучиншан-АТЛАС која последен пат поминала покрај земјата во праисторијата.
Скопското астрономско друштво објави фотографија на битолчанката Ивона Кочов каде што се гледа како „удира“ над врвот Пелистер. Друштвото вели дека кометата може да се види на чист хоризонт на запад со двоглед или со помал телескоп, „веднаш над Венера“.